Актуелно
Почетна / Сцена / Ралф Лорен донираше најмногу: Решете ја короната до 10 милиони долари

Ралф Лорен донираше најмногу: Решете ја короната до 10 милиони долари

Модниот дизајнер Ралф Лорен објави дека неговата фирма дава 10 милиони долари за борба против коронавирусот, што е најголема донација меѓу луксузните модни куќи досега.

– Веруваме дека сите сме поврзани без оглед на тоа кој сте и од каде сте. Токму поради тоа на важни начини се бориме за да им помогниме на нашите тимови и заедници да ја пребродат оваа криза – рекол Ралф Лорен, пишува на официјалната страница.

Тие истакнаа дека сега повеќе од било кога е потребно да се потпреме едни на други и затоа настанала нивната мисија. Брендот нуди и финансиска помош за сите вработени бидејќи се свесни во каква околност се наоѓаат поради вирусот. Ќе им бидат обезбедени и лекови, помош за старите и немоќните, но и за децата доколку биде потребно.

Дел од донацијата ќе оди и за задругата „Pink Pony Fund“ која попмага во порба против карциномот бидејќи тие поединци се особено ранлива група. Освен на наведеното, тие ќе се погрижат и дел од сретствата да одат до оние луѓе кои работат во американската модна идустрија, а се заразени со вирусот.

loading...