Рама: Некои земји во регионот се под руско влијание

од Vladimir Zorba

Албанскиот премиер Еди Рама на меѓународниот форум „Берлински глобален дијалог“ (Berlin Global Dialogue) оцени дека „некои земји во регионот се под руско влијание“ и и затоа „неопходно е забрзување на интегративниот процес на Западен Балкан во Европската Унија“.

-Морам да кажам дека по руската инвазија, дури и најскептичните, дури и најоддалечените од Западен Балкан, ја сфатија неговата геополитичка важност. Западен Балкан има прилично тешка историја, но тој е во срцето на Европа. Нема други решенија освен интегрирање на Западен Балкан во ЕУ. Ова е причината зошто мора да се забрза процесот на интеграција. Ние сме меѓу многуте актери (не зборувам за Албанија), но во другите земји има поголемо руско влијание. Ова треба да се ублажи со интегрирање на ЗБ во ЕУ. Она што Албанија може да го донесе во ЕУ е дека иако сме мали, ние сме доследни на многу начини, тоа ќе биде нето вредност во однос на мирот и безбедноста, изјавил Рама, јави Топ чанел.

Слични содржини