Рамадани: Не смееме поради нефункционален парламент сами да си го одложиме влезот во НАТО

од Viktor Jovanov

Кога се работи за стратешки цели како НАТО и ЕУ партиските интереси премногу се форсираат затоа што знаеме што значи да бидеме членка на НАТО. Фала богу таа работа е при крај. Да не беше ова со Шпанија до сега и официјално ќе бевме влезени. Кај нив имаме ситуација од април до ноември да не се подобри ситуацијата кај социјалистите. Најверојатно ќе се оди на тоа десните и левите заедно да конституираат парламент и кон крајот на јануари почеток на февруари да се заврши работата и во Шпанија и да се постави знамето на Македонија на јарбол во седиштето на НАТО, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

Во однос на изборите кои не очекуваат идната година, Рамадани смета дека не смее да дојде до такво нешто поради нефунцкионален парламент кај нас дома да се одложи влезот во НАТО.

-Мора да се направи тоа што е најоптимално, да не се доведуваме во ситуација, сите да го ратификуваат протоколот и таа крајна наша одлука која е предвидена, да немаме функционален парламент. Не држи вода дека ќе бидат одложени изборите, вели Рамдани.

Тој смета дека со влезот на Македонија во НАТО, модернизацијата на АРМ е неопходна и е приоритет за оваа држава. Рамдани вели дека одвојување на 2 отсто од буџетот за АРМ е многу полесен начин за опремување на армијата отколку самите да го правиме тоа.

-Кога се работи за модернизација на армијата, тоа е обврска и приоритет за една држава. Слушаме гласини поради тоа што влегуваме во НАТО дела сме изложени на некои трошоци од буџетот. Не се сложувам со такви гласини, бидејќи многу повеќе би чинело сами да го правиме тоа. Мора армијата да се модернизира, таа војска ќе биде дел од НАТО, и треба да биде една армија која ќе одговори на тие стандарди. Како нова членка солидарно ќе бидеме помогнати од посилните држави, вели Рамадани.

Слични содржини