Рангеловиќ: Наместо кон Русија, Кина или САД, да се свртиме кон самите себеси и да ги адресираме вистинските проблеми

од Nikola Popovski

Македонија и ова општество е во една функција на заложник на политичкиот театар, исчекувајќи го овој фамозен датум за преговори со ЕУ. За жал не видов политичка гарнитура, која ќе излезе во јавниот простор и ќе им соопшти на граѓаните дека во оваа држава постојат и внатрешни агенди, а само надворешни, вели политикологот Иво Рангеловиќ за емисијата „Само вистина“.

Според него, потребни се реформи во општеството и потребата да се сузбие комфорт-зоната на македонскиот граѓанин и неговата разочараност од се што се случува во државата.

-Експертите и прфесорите наместо да полемизираат во кој правец да гравитира оваа земја, наместо кон Кина, Русија или САД, да се свртиме кон самите себеси и да почнеме да ги адресираме елементарните проблеми на ова општество. Не постои поголем национален приоритет од достоинствен живот на еден граѓанин, посочуа Рангеловиќ.

Слични содржини