Рашковски: Мојата мајка нема сестра, ВМРО – ДПМНЕ се забегани и опседнати

од Берта Китинска

Поранешниот геренарален секретар на Владата Драги Рашковски тврди дека нема каква било поврзаност со работата на „Дрисла“, ниту таква инволвираност има било кој во неговото семејство, негирајќи ги обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесени вчера на прес конференција, а поврзани со јавното претпријатие.

„Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од страна на ВМРО- ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие „Дрисла“, но не може да останеме и неми на забеганоста на тврдењата за некаква сестринска поврзаност. Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра. Ете до таму е забеганоста и опседнатоста на ВМРО ДПМНЕ со Драги Рашковски“, се вели во реакцијата на поранешниот геренарален секретар.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Сотилковски тврди дека „Дрисла“, претпријатие за справување со отпад, кое во описот на работата има потреба од градежна машинерија која ја поседува, за само две години, 2019 и 2020 година, исплатила речиси милион евра за изнајмување багери и градежни машини.
Стоилковски обвини дека парите ги добил братучед на поранешниот генерален секретар на Владата на СДСМ, Драги Рашковски, додека со „Дрисла“, како што рече, директорувал кадар на СДСМ.

Слични содржини