Разоткриена фарсата на Путин: Средбата со мајките на руските војници била наместена? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот се сретна со мајките на дел од загинатите руски војници во Украина и им кажа дека сочувствува со нивната болка. Меѓутоа, на Твитер сега се појавија информации кои укажуваат дека средбата е всушност голема фарса на рускиот претседател.

Имено, за време на средбата, некои од жените раскажале приказни за тоа како починале нивните синови.

-Мојот син е Константин Пшеникин. Тој загина бранејќи го градот во една од утринските битки, рекла една жена, покажувајќи слика од нејзиниот син додека Путин внимателно слушал пиејќи чај.

Таа додала дека тој бил убиен при излегување од ров и привлекувајќи непријателски оган врз себе.

-Неговите последни зборови беа: „Ајде, браќа, да ги средиме Украинците!“ Постхумно е одликуван со Орден за храброст. Срцето ми се кине, душата ми замрзна, црните мисли ми го заматуваат умот. Но, одеднаш син ми ми рече: „Не биди тажна, мајко. Ќе се видиме повторно само треба да почекаш. Продолжи со својот живот и во друг живот повторно ќе бидеме заедно“, рекла таа, веројатно опишувајќи го сонот во кој ѝ зборувал нејзиниот покоен син.

Оттогаш, вели таа, почнала активно да им помага на семејствата на паднатите руски војници.

Сепак, неколку часа подоцна, на Твитер се појави информација дека Константин Пшеникин навистина бил руски војник и дека навистина загинал во конфликт со Украинците, но во 2019 година, што може да доведе до заклучок дека оваа средба со мајките на загинатите војници била уште еден од перформанс на Путин за јавноста.

Фото: Александр Щербак, ТАСС

Слични содржини