Реализирани 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 – раст од 30 отсто

од Vladimir Zorba

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ана Петровска на денешната прес-конференција во врска со шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот информира дека е зголемен обемот на надзори во 2021 година во споредба со 2020 година.

Презентирајќи ги резултатите, посочи дека во периодот јануари – јуни 2021 година се реализирани 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 надзори, или остварено е 30 посто повеќе од планираното.

– Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе споредбено со 2020 година, односно во однос на 2020 имаме забележан раст од 20 посто, посочи Петровска.

Утврдени се 363 неправилности, односно законски повреди за кои се издадани решенија за нивно отклонување. За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности, или во 2021 е забележано зголемување од 203 посто.

Покренати се 43 прекршочни постапки од кои изречени се 36 санкции со глоба платен налог, а покренати се и две кривични постапки.

– Платните налози се со различни причини, голем дел од нив се изречени за отстапување од водостопанските дозволи, односно неплаќање на надоместоци за услуги од страна на комуналните претпријатија, понатаму сме имале спогодување со АД Водостопанство, во насока да се регулираат речните корита кои порано всушност беа издавани дозволи за регулација на речно корито, а не се вршеше регулација, само се вршеше копање на песок, сега со таа спогодба, АД Водостопанство има обврска по стационажи да врши регулација на речното корито, а дури потоа да продава ископан песок и чакал, информира Петровска.

Платни налози, додаде, се изречени и за диви отпади, забрани за работа на асфалтна и на бетонска база.

Слични содржини