Состојки:
1 пакетче лиснато тесто
1 јајце
1 лажица вода
¼ чаша рендан пармезан
1 лажица сецкан свеж магдонос
½ лажичка оригано764a01440e500d6640b66d7cda6cd735

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете ги јајцето и водата во мал сад со помош на вилушка. Кон нив додадете пармезан и зачини. Промешајте.

Преклопете го лиснатото тестото. Исечете го на долги правоаголници. Намачкајте ги со јајцевата мешавина со помош на четка и обвиткајте го тестото. Потоа потопете во уште рендано сирење пармезан. Превртете ги внимателно гризините.

Ставете ги во намачкана тава за печење и печете во загреана рерна околу 15 минути.

Слични содржини