Речиси една третина од Собранискиот состав, здружени во борбата против загадувањето

Во борбата против загадувањето и климатските промени се здружија 39 пратеници од собранискиот состав, членови на 9 политички партии, во една зедничка иницијатива и организација и ја формираа интерпартиската парламентарна група.

Со оглед на тоа дека сите ингеренции на оваа тема паѓаат на плешките на Владата, Министерството за животна средина, државниот и општинските инспекторати, самите општини и поединечни институции и понекогаш за обични информации или барање до институциите да спречат загадување, граѓаните талкаат низ правни и ингеренциски лавиринти со години, формирана е ваквата пратеничка група. Комплексноста на проблемот е најчестиот изговор за непреземање соодветни активности, казнување на загадувачи, заштита на животната средина и подигнување на јавната свест за проблемот.

Оваа интерпартиска група има за цел во моментов првенствено да работи на неопходните, цврсти и јасни законски регулативи, кои ќе ги затворат досегашните процепи низ кои загадувачите со години се извлекуваат, но и точно ќе ги постават ингеренциите на надлежните институции и ќе постават квалитетни практики за граѓаните.

Задоволни сме од поддршката на пратениците во овие првични чекори, но нетрпеливо ја очекуваме нивната борба за чист воздух и здрава животна средина во Собранието. Оваа борба е натпартиска, граѓанска и цивилизациска и тажно е да дозволиме секоја педа од нашата држава да е потоната во различни типови загадување, и воздух, и вода, почви. Уништени се или на пат да бидат запустени и езера, и планини и шуми. Одговорноста на пратениците е да ги претставуваат граѓаните, а граѓаните инсистираат на конкретни мерки и конечно решавање на проблемот кој влијае на животот и здравјето на секој од нас, на нашите семејства, пријатели, сограѓани“.

Денес ја имавме првата средба, на чија агенда беа измените во законот за прекршоци, како и несправувањето со аерозагадувањето и недостигнувањето на граничните вредности за PM10 согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и после 9 години од законскиот рок.
Членови на парламентарната група за заштита на природата, борба против загадувањето и климатските промени се:

Вјолца Адеми, Димитар Апасиев, Бастри Бајрами, Фиснике Бектеши Шаќири, Арта Биљали-Зендели, Мирослав Богдановски, Марија Георгиевска, Илире Даути, Драгица Ѓавочанова, Моника Зајкова, Белкиса Зеќири, Дарко Каевски, Снежана Калеска-Ванчева, Мерита Коџаџику, Марија Костадинова, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Мартин Костовски, Ненад Коциќ, Борислав Крмов, Жаклина Лазаревска, Олга Лозановска, Даниела Маркоска, Панчо Минов, Јован Митрески, Соња Михаиловска, Маја Морачанин, Тимчо Муцунски, Фаница Николоска, Ангелина Петкова, Славјанка Петровска, Љупчо Пренџов, Сурија Рашиди, Кастриот Реџепи, Петар Ристески, Гордана Сиљановска-Давкова, Велика Стојкова-Серафимовска, Здравко Трајанов, Коле Чаракчиев, Љатифе Шиковска. Координаторка на пратеничката група е Моника Зајкова од ЛДП. За заменик координаторка е избрана Велика Стојкова-Серафимовска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини