Речиси сигурно трајно остануваат петте замени

од Берта Китинска

Петте замени да останат за постојано. Овој предлог е даден за време на актуелниот состанок на Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), кој може да ги промени правилата на фудбалот.

Според „Тајмс“, идејата е поддржана од многумина и се очекува да биде официјално усвоена.

Практиката тренерите да можат да прават пет замени во регуларното време стана неопходна по избувнувањето на пандемијата. Сепак, правилото не е задолжително, бидејќи секоја фудбалска федерација може сама да одлучи.

На пример, во англиската Премиер лига оваа сезона се вратија на стандардните три смени.

Слични содржини