Рекордна добивка на лотарија: Британец освои 195 милиони фунти

од Stefanija Kuzmanovska

Неименуван сопственик на тикет од Велика Британија освоил рекорден џек пот од 195 милиони фунти на лотаријата EuroMillions, објави организаторот на лотаријата „Камелот“.

Тоа е и најголемата добивка на сите времиња на лотарија која се организира низ цела Европа, објави „Камелот“, а претходниот рекорд изнесуваше 184 милиони фунти во мај оваа година, пренесува „Ројтерс“.

Извлекувањето на EuroMillion броевите се одвива двапати неделно, во вторник и петок, а лотаријата се организира во 13 европски земји.

Слични содржини