Ременски: Обвинението е доказ дека уште се во функција политичките елиминации

од Aleksandar Todeski

Одлуката е избразана, несосновна и без докази, тврди пратеничката Фросина Ременски откако Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска го процесуираше обвинението за случајот со Меѓунардониот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

„Апсурдно ќе биде ако некој политичар кој се обидел да направи поддршка на граѓанска идеја биде осомничен, па дури и обвинет, со тоа што го користел својот авторитет. Се надевам дека во оваа смешна постапка ќе се види дека нема докази. Апсурдот е поголем, кога имате од еден куп обвинети од предмети на СЈО кои се на слобода, а професор по кривично право да биде обвинет затоа што соработувал со граѓанска организација, а при тоа и самиот иницирал најмалку 15 кривични предмети“, рече Ременски.

Пратеничката се сомнева дека целата постапка има политичка позадина, но не посочи од која партија би дошло тоа.

„Порачките за политички елиминации се уште во функција. Со ова што денеска се случува, се покажа дека одредени структури имаат политички амбиции за политички пресметки“, истакна Ременски и додаде дека е апсурдно што тоа се случува токму на овој ден.

Таа додаде дека нејзините активности во СДСМ се уште замрзнати и дека нема да учествува на изборите. Најави реформи во Јавното обвинителство и рече дека се надева на поддршка од опозицијата.

А.Т.

Слични содржини