[РЕЦЕПТ] Баница со млеко

од Vladimir Zorba

Состојки:
3 јајца
50 г путер, за филот ќе ви требаат уште околу 200-250 г
сол
1 кафена шолја вода
брашно за замесување
1 л млеко
шеќер по вкус
3-4 ќесички ванила во правccb8dfa47f58a41431ea5d837d60b765

Подготовка:
Ставете ги јајцата во сад заедно со маслото и измешајте ги добро. Додадете ја водата, солта и брашното, колку да се создаде меко тесто. Поделете го на 4-5 топчиња и од секое расукајте тенка кора.

Намачкајте го калапот со путер. Наредете ги корите во еден ред и намачкајте ги обилно со стопен путер. Печете во загреана рерна на 180 степени до мирување.

Почекајте корите да се изладат добро. Потоа наредете ги една врз друга и прелијте со топлото млеко кое сте го засладиле и во кое сте додале ванила.

Покријте го садот со крпа и оставете млекото да се впие.

Слични содржини