[РЕЦЕПТ] Јаболков сос за тестенини

од Vladimir Zorba

Состојки:
500 г јаболка
150 г шеќер
½ голем пакет путер/маслец
2 штипки цимет
1 лажица сок од лимон
1 течна ванила
Подготовка:
Излупете ги јаболката и исечете ги. Отстранете го јадрото. Загрејте го путерот во тава на тивок оган и запржете ги јаболката во него заедно со шеќерот. По желба може да додадете и малку кафеав шеќер за мирис и густина.

Промешајте така околу 6-7 минути. Потоа додадете една чаша вода. Оставете да испари. Додадете ги јаболката, додека не омекнат целосно. Зачинете со циметот, ванила и сок од лимон. Добро промешајте. Отстранете од огнот. Измешајте ја смесата за да се добие сос или нешто како пире.

Слични содржини