Рецепт за супервкусна, брза пилешка супа

Состојки:

– 400 гр пилешко филе
– 3 моркови
-200 гр шампињони
– 4 целери
– 1 главица лук
– 100 мл бело вино
– 1 л вода
– 5 лажички зачин од зеленчукова мешавина
– 2 лажици соја сос
– 100 гр шпагети
– младо лукче
– 4 лажици маслиново масло
– малку сол и бибер

Подготовка:

Пилешкото исечете го на четири дела, по должина. Потоа измијте го моркобот и целерот. Исечете ги на тенки траки. Исчистете ги шампињоните и исечете ги на плочки. Целерот исто така исечете го на тенки траки. Лукчето исто така, а младиот лук на крукови.

Загрејте две лажици маслиново масло во голем лонец и прежете околу 5 минути на средна температура, па додајте ги пилешкото и лукот. Потоа додајте го морковот,шампињоните и целерот и пржете уште пет минути. Налејте го белото вино, додајте ја водата и зелечуковата мешавина. Варете на мал оган околу 10 минути, па зачинете со соја сосот. Во меѓувреме сварете ги шпагетите.

Во тава загрејте две лажици масло,па пржете го останатото место 7-8 минути. Зачинете со соја сос и бибер и оставете го настрана.

На крајот, расподелете го морковот, шампињоните, целерот и шпагетите во два сада. Исцедете ја водата за супа во двата сада и додајте ги пилешкото и младиот лук.

Слични содржини