Ријана во врска со АСАП Роки: „Таа е љубовта на мојот живот“

од Vladimir Zorba

Американскиот рапер АСАП Роки објави дека е во емотивна врска со пејачката Ријана.

Во интервју за американскиот магазин GQ, тој рече дека Ријана е „љубовта на неговиот живот“.

Гласините дека двајцата се во врска започнаа уште во 2013 година, кога АСАП Роки настапи со Ријана на нејзината светска турнеја „Diamonds“.

„Таа е се помножено со милион – кога сте сигурни во нешто, вие едноставно знаете“, рече тој.

„Таа е вистинската“.

Во 2013 година, парот се појави и во спотот на раперот за песната „Fashion Kill“.

Уште кога врската стана официјална во јавноста, тие се обидуваа да избегаат од папараците кои се обидуваа да ги фотографираат заедно.

Раперот, исто така, рече дека Ријана „апсолутно“ имала влијание врз неговиот нов албум, во кој се појавува познатиот британски панк и рок музичар Морисеј.

АСАП Роки, чие вистинско име е Раким Мејерс, беше осуден во 2019 година на две години условна казна затвор за тепачка во Стокхолм.

Случајот привлече големо внимание, а интервенираше и тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој тврди дека кон пејачот не се однесувале правично.

Слични содржини