Рики Мартин се огласи по отфрлањето на обвинението против него: „Беше толку болно“

од Stefanija Kuzmanovska

Во изминатите неколку дена се крена голема прашина во медиумите бидејќи внукот на пејачот Рики Мартин, Денис Санчез, го обвини за инцест, а потоа го повлече обвинението и се откажа од судењето.

Популарниот пејач се огласи по новиот пресврт.

Откако случајот беше отфрлен, „TMZ“ доби видео од обраќање на Рики Мартин, кој истакна дека до сега молчел во согласност со законите на Порторико.

„Денеска сум пред камерите, бидејќи навистина морам да разговарам за да почнам со процесот на заздравување. Две недели не смеев да се бранам бидејќи ја следев процедурата, законот ме обврза да не зборувам додека не отидам пред судија и дознаам дека овие тврдења се лажни. Но јас ќе ти ја кажам вистината. Беше толку болно. Тоа беше погубно за мене, за моето семејство, за моите пријатели. Не му го посакувам ова на никого. На личноста која ја тврдеше оваа глупост, му посакувам се најдобро – и сакам да најде помош за да може да започне нов живот исполнет со љубов, вистина и радост – и да не повреди никого. Мојот приоритет сега е да се лекувам, а како да се опоравам? Со музика. Едвај чекам да се вратам на сцената. Едвај чекам да се вратам пред камерите и да ве забавувам, тоа најдобро го правам. Благодарам на сите мои пријатели. Им благодарам на сите кои секогаш веруваа во мене. Немате поим колку сила ми дадовте со секој коментар што го напишавте на социјалните мрежи. Ви посакувам љубов и добри работи – и тука сме со истата сила и страст“, порача Рики Мартин.

Внукот Денис Санчез го обвини Мартин дека биле во врска седум месеци, а се шпекулираше дека пејачот може да добие 50 години затвор поради инцест. Сепак, ваквите обвинувања беа отфрлени.

Слични содржини