Рита Ора промени 13 аутфити додека ги водеше MTV EMA наградите

од desk2

Рита Ора се најде во улогата на домаќин на настанот „MTV Europe Music Awards 2017“. Таа покажа дека е жената на ноќта со 13 неверојатни стајлинзи на сцената.

Британската ѕвезда одлично жонглираше со улогите на водител и изведувач и направи неверојатна атмосфера на настанот. Фановите на социјалните мрежи имаа само пофални зборови и ја проценија како брилијантна, забавна и автентична во водењето на настанот.

 

Од раскошни тоалети и чудни перики, па до појавување со бањарка и дијаманти на сцената, при секое наредно излегување на сцената на Рита публиката доживуваше изненадување.

 

Таа го донесе гламурот на стариот Холивуд со виолетовата тоалета, но и ја покажа сензационалната фигура во сино, светкаво, мини фустанче.

 

Еве ги нејзините неверојатни трансформации на настанот:

Слични содржини