Роберт Дауни Џуниор се враќа во улогата на Шерлок Холмс

од desk2

Приказната за британскиот приватен детектив Шерлок Холмс и официјално станува трилогија, откако денеска беше најавено дека „Sherlock Holmes 3“ доаѓа во киносалите во 2020 година, а во главните улоги повторно ќе се појават Роберт Дауни Џуниор и Џад Лоу.

Пред повеќе од две години, Роберт Дауни Џуниор најави дека третиот филм од серијалот „Sherlock Holmes“ ќе почне да се снима набрзо, а веќе денеска се докажа дека тој не е лажго.

Седум години откако последен пат ги видовме во улогите на Шерлок Холмс и Др. Вотсон, Роберт Дауни Џуниор и Џад Лоу ќе се вратат уште еднаш во оваа франшиза за да ја завршат приказната за култниот британски детектив во „Sherlock Holmes 3“. Премиерата на овој филм беше закажана за 25 декември 2020 година, а засега не се знае дали на режисерското столче повторно ќе седне Гај Ричи или студиото ќе побара некое свежо лице од индустријата.

„Кога работам на филмовите за Шерлок Холмс сум најопуштен. Навистина е тешко за време на снимањето и секогаш се чувствувам многу изморен, но истовремено сум многу возбуден да снимиме нешто ново“, рече Дауни Џуниор во 2016 година.

Роберт Дауни Џуниор можете да го гледате во новиот „Avengers: Infinity War“ кој поставува рекорди насекаде низ светот, додека Џад Лоу во последните неколку години е познат по улогата на Албус Дамблдор во новото продолжение на „Fantastic Beasts“.

Слични содржини