Rolls-Royce Cullinan Yachting Edition

од Vladimir Zorba

Откако пред само неколку дена го покажа своето модифицирано Ferrari SF90 Stradale, полскиот Carlex Design сега се погрижи да „облече“ уште еден ексклузивен автомобил.

Поточно, ова е Rolls-Royce Cullinan Yachting Edition на Carlex, со двобојно куќиште (долната половина има избрусен метал, додека горната е во контрастна црна боја).

Комплетот вклучува и тркала од 22 инчи, црна предна маска и, се разбира, изменета внатрешност. Речиси секоја површина во внатрешноста е обложена со бела или светло-кафеава кожа, со многу дрвени детали во внатрешноста.

Кабината на Cullinan сега изгледа како да е од луксузна јахта, комплетирана со алкантара за покривот и столбовите. Покрај тоа, кожа се користеше за контролната табла, централната конзола, потпирачите за раце и облогите на вратите.

Carlex Design не го измени моторот, па 6,75-литарскиот V12 има 563 КС и 850 Nm вртежен момент.

Слични содржини