Роналдо: Медиумите лажат, наскоро ќе ја дознаете вистината

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека повеќето работи што ги читал за него во медиумите во последните месеци не се точни и наскоро ќе открие што се случува во специјално интервју.

Интересно, Португалецот ова откритие го направи додека одговараше на еден фан на Инстаграм.

„Вистината ќе ја дознаете во интервју за неколку недели. Медиумите лажат. Имам тетратка и во последните неколку месеци од 100 вести само 5 беа вистинити. Замислете како е. Останете со тој совет“, напиша Роналдо.

Во последните недели главна тема во медиумите поврзани со Кристијано Роналдо беше неговата желба да го напушти Манчестер Јунајтед. Имаше и шпекулации за затегнати односи меѓу него и менаџерот Ерик тен Хаг.

Очигледно допрва ќе дознаеме со што точно не се согласува 37-годишниот фудбалер.

Слични содржини