Роналдо со нова историска вечер на „Бернабеу“, Ливерпул го уништи Порто на „Драгао“

од Vladimir Zorba

Криза? Не би рекле! Реал Мадрид го победи со 3:1 еден од најдобрите европски клубови, ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и ја продолжува одбраната на трофејот.

Екипата на Зинедин Зидан заостануваше во резултатот по гол на Адриен Рабио во 33-та минута, но стигна до целосен пресврт по погодоците на Кристијано Роналдо во 45-та од пенал и во 83-та, додека Марсело ги доврши „принцовите“ во 87-та.

Тренерите на двете екипи направија неколку изненадувања, во однос на стартниот состав. Зинедин Зидан го остави на клупата Герет Бејл за сметка на Иско, додека Унаи Емери се обложи на неискусните Јури Берчиче и Џовани Ло Селсо.

Реваншот е на 6-ти март.

Ливерпул пак е на чекор од 1/4-финалето на Лигата на шампионите, откако постигна успех со 5:0 при посетата кај Порто на „Драгао“.

Тоа се случи во првата средба од 1/8-финалето на турнирот на богатите во која „црвените“ беа гости, но се претставија исклучително успешно.

Мане, кој постигна „хет-трик“, го отвори резултатот во 25-тата минута, а пет минути потоа Салах удвои. Мане го постигна својот втор гол во 53-тата минута.

За 4:0 прецизен беше Фирмино во 70-тата минута, а Мане го оформи хет-трикот и крајниот резултат во 85-тата.

Реваншот исто така е на 6 март, кој ќе биде само протоколарен.

Слични содржини