Розга: Ги потрошив емоциите на погрешни, не можам да ги вратам

од Vladimir Zorba

Пејачката Јелена Розга не сака премногу да зборува за својот приватен живот, но сега реши во интервју да се наврати на своето детство, а зборуваше и за нејзиниот емотивен статус.

Кога ќе погледнете наназад, какво беше вашето детство и дали има некоја анегдота или повеќе од нив што се уште се прераскажува од тој период?

– Моето детство беше убаво и безгрижно, но со балетот имаше доза на дисциплина што мораше да се почитува за да знам уште од рана возраст дека треба да ги исполнам обврските. Ме научи на многу вредности што продолжив да ги негувам подоцна во животот.

Дали е тоа најголемиот луксуз што сте си го дозволиле?

– Времето и енергијата што ја потрошив на луѓе и места што не ми беа потребни. Емоционалната инвестиција е најскапата работа и најголемиот луксуз, затоа треба да се чува.

– Кој е вашиот моментален емоционален статус, дали сте зафатени или уживате во животот без маж?

– Прекрасно е кога имаш некој да споделиш се со него, среќа, тага, успех и неуспех, но јас не мислам дека тоа е единствената мерка за среќа, бидејќи среќата доаѓа одвнатре и ако се реализираш и исполниш, некој само ќе ја дополни таа среќа, нема да ја создава ..

Како изгледа вашиот идеален партнер, какви квалитети мора да поседува и како може да ве освои?

– Важно е да е смешен затоа што сакам да се смеам, да постои доверба и да имаме систем на вредности.

Слични содржини