Рухани: Можеме да го збогатиме ураниумот и до 90 проценти

од Stefanija Kuzmanovska

Иран би можел да го збогати ураниумот до чистота од 90 проценти, ако на земјата ѝ биде потребно, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рухани.

„Иранската организација за атомска енергија може да збогати ураниум за 20 и 60 проценти, и ако еден ден на нашиот реактор му треба, можеме да го збогатиме ураниумот до чистота од 90 проценти“, рече Рухани на состанокот на владата, пренесе иранската полу-официјална агенција „Мехр“.

Неговата изјава доаѓа во време на напорите на Техеран и шест светски сили да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година, што Вашингтон го напушти пред неколку години, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини