Русија го протера молдавскиот дипломат

од Radmila Tasevska

Русија како одговор на неоправданата одлука на молдавските власти на 19 април да прогласи за персона нон грата вработен во руската амбасада во Молдавија, одлучи да прогласи вработен во молдавската амбасада во Русија за персона нон грата, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.

Амбасадорот на Молдавија во Русија, Лилијан Дариј, денес беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што му беше врачена нота за ова, како и остар протест во врска со, како што се наведува, „постојаните непријателски чекори на властите во Кишињев кон Русија“.

Молдавскиот амбасадор бил информиран и за одлуката за забрана за влез на одреден број молдавски функционери во Руската Федерација, поради нивните „антируски изјави“ и поради приклучувањето на Кишињев кон санкциите на ЕУ против граѓаните на Руската Федерација.

Слични содржини