Русија: Игнорирањето на НАТО на црвените линии на Москва е ризично

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, ја оцени како крајно ризична деструктивната политика на НАТО која ги игнорира „црвените линии“ обележани од Москва.

Во интервју за рускиот весник „Известија“ тој рече дека тоа води до натамошна ескалација што може да доведе до воен конфликт меѓу нуклеарните сили со сериозни последици.

Рјабков укажа на ризиците од употребата на нуклеарно оружје и изјави дека земјите со нуклеарен арсенал мора да се придржуваат до постулатот за недозволивост на меѓусебна војна.

Слични содржини