Русија одговори на НАТО: Дрскоста на тие господа изгуби разумни граници

од Stefanija Kuzmanovska

Руските пратеници на Државната дума го коментираа незадоволството на НАТО во врска со плановите на Русија да го ограничи пристапот до одредени региони на Азовското и Црното море.

Тие порачаа дека Русија дејствува во рамките на националното и меѓународното право и дека дрскоста на Алијансата ги надминува границите.

Според пратеникот Руслан Балбек, Русија сама ќе утврди кога ќе пропушти да помине низ морето што е под нејзина контрола.

„Можеби треба да ги ослободиме нашите аеродроми во близина на Москва за да им биде поудобно? Дрскоста на тие господа изгуби разумни граници, те дајте им го Крим, те ослободете го морето. Можеби треба да се разоружаме утре за да му угодиме на генералниот секретар на НАТО? Ќе се снајдат и без Азовското Море, нека пловат во други пристаништа и нема потреба да имаат туѓи мориња во нивните усти“, рече Балбек.

Пратеникот Михаил Шеремет потсетува дека Москва дејствува исклучиво во рамките на националното и меѓународното право, поточно поморското право.

„Земајќи ја предвид ситуацијата на нашите граници, ние сме принудени да ги зајакнеме и заштитиме нашите погранични територии“, изјави Шеремет.

Тој додаде дека Русија ги презема сите мерки со цел да обезбеди безбедна навигација во нејзините територијални води и да спречи провокации.

Русија секогаш се однесува правилно и воздржано во меѓународните односи, затоа и другите земји треба да го следат нејзиниот пример, додаде тој.

Покрај тоа, мерките на Москва се оправдани и целисходни, имајќи го предвид постојаното влошување на ситуацијата во близина на руските граници, за што се „заслужни“ земјите од НАТО и Украина, заклучи Гемпеj.

Претходно, Пентагон и НАТО ја повикаа Русија да ја укине забраната за влез на странски бродови во одредени делови на Црното Море.

Слични содржини