Русија тестира комбинирана вакцина против грип и корона

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ моментално тестира комбинирана вакцина врз животни, која истовремено ќе заштити и од коронавирусот и од грип, изјави генералниот директор на центарот, Ринат Максјутов. Тој објасни дека во случај на потреба, вакцината „ЕпиВакКорона“ може да се модернизира многу брзо, не треба повеќе од еден ден за да се прилагоди составот на вакцината.

Уште еден производ на центарот е назалната вакцина против корона, односно вакцината во форма на капки за нос. Максјутов објасни дека составот на главната активна компонента останува ист како кај вакцината „ЕпиВакКороа“, а имунитетот ќе се формира на мукозната мембрана што служи како „влезна врата“ за инфекцијата.

Директорот на „Вектор“ исто така истакна дека во случај на потреба, вакцината „ЕпиВакКорона“ може многу брзо да се модернизира.

„Ако одеднаш се случи вирусот да мутира во деловите од кои ги изолиравме нашите пептиди, и ако треба да ја обновиме вакцината, нема да биде потребен повеќе од еден ден за да се прилагоди составот на вакцината“, објасни директорот.

Вакцината против корона „ЕпиВакКорана“ најверојатно нема да биде достапна оваа година за деца, на кои испитувањата обично траат најмалку 180 дена.

Првата фаза на клиничките испитувања е планирана за тинејџери од 15 до 17 години и ќе продолжи да се спроведува во помлади возрасни групи.

„ЕпиВакКорона“ е втора регистрирана вакцина во Русија за превенција на ковид 19 и не содржи жив вирус. Таа формира имунитет благодарение на вештачки синтетизираните пептиди. Вакцината ќе чини до 4.210 рубли (околу 46 евра).

Во Русија се регистрирани уште две вакцини против корона – „Спутник V“ од центарот „Гамалеја“ и „КовиВак“ од центарот „Чумаков“.

Слични содржини