Русин ја тужи СЗО поради името на сојот омикрон: Ми го уништуваат бизнисот!

од Nikola Popovski

Претприемач од Сибир поднел тужба против рускиот органок на Светската здравствена организација бидејќи оваа организација неодамна откриениот сој на коронавирусот го именувал омикрон, како што е името на неговата компанија.

Александар Падар, извршен директор на мрежата на офталмолошки клиники Омикрон, поднесе тужба до Арбитражниот суд во Москва на 30 ноември, но локалните медиуми во петокот ги објавија жалбите на претприемачите.

Сопственикот на компанијата инсистира да се избегнува употребата на зборот „омикрон“ за означување на новиот сој на коронавирус, како и секоја друга инфекција.

– Нашето име е регистриран заштитен знак, пред се од областа на медицината и здравството, бидејќи тоа е наша основна услуга, објасни Падар.

Тој истакна дека „поврзаноста со сојот на коронавирус му штети на угледот на компанијата“.

– Размислете, ако некој умре од ‘омикрон’ – ваш роднина или пријател, тешко дека ќе отидете во клиниката со истото име, рече тој, пренесува „Klix.ba“.

Падар рече дека вложил голема сума пари во рекламирање на своите клиники. Сега поради новиот сој, резултатите од потрагата по омикрон ја замениле неговата клиника и вели дека за него се неизбежни огромни финансиски загуби.

Соевите на коронавирусот досега беа именувани по буквите од грчката азбука поради географска и политичка неутралност.

Слични содржини