РУСКАТА НАФТА 62 ДОЛАРИ? ЕУ ја одредува максималната цена за црното злато

од Vladimir Zorba

Европската унија најверојатно ќе ја постави горната граница за цената на нафтата од Русија на ниво од 62 долари за барел, без оглед на барањата на Полска и балтичките земји таа да биде уште пониска, пишува „Новости“.

– Европската комисија првично предложи тоа да биде од 65 до 70 долари за барел. Последниот предлог, по неодамнешните преговори, беше на ниво од 62 долари. Сепак, некои земји, вклучително и Полска, инсистираат на дополнително намалување, пишуваат оттаму, цитирајќи извор запознаен со прашањето.

Според него, дури и ако земјите-членки на ЕУ не успеат да ги решат несогласувањата во врска со ограничените цени на нафтата, Европската комисија тешко може да го одложи рокот за воведување ембарго за увоз на руска нафта по морски пат.

-Европската комисија е под силен притисок да постигне договор до 5 декември. Идејата за одложување на рокот за ембаргото за испорака на нафта се слушна во текот на преговорите, но беше одбиена од различни причини, додал соговорникот.

Слични содржини