Руската ПВО собори три беспилотни летала кои се движеле кон Москва

од Stefanija Kuzmanovska

Руската противвоздушна одбрана собори три беспилотни летала во регионот Подмосковље, јави државната новинска агенција ТАСС, додавајќи дека нема жртви.

Според првите информации, двата летала се движеле кон Москва и „биле неутрализирани од системот за електронско војување“, се вели во соопштението на службата за вонредни состојби што ја пренесе ТАСС.

Руската агенција РИА Новости објави дека две летала биле соборени во близина на селото Валуево во близина на Москва.

Третиот дрон е соборен во областа Калуга, југозападно од Москва, јави агенцијата ТАСС, додавајќи дека нема жртви.

Москва и нејзиниот регион, на повеќе од 500 километри од украинската граница, ретко се цел на напади со беспилотни летала од почетокот на офанзивата во Украина во февруари 2022 година. Сепак, овој тип на напади се намножи на други места во Русија.

Руските власти на 21 јуни објавија дека неутрализирале три беспилотни летала во регионот на Москва, вклучително и две во близина на воена база.

Слични содржини