Руски авион принудно слетал откако за време на летот починала Србинка

од Vladimir Zorba

Novosibirsk_view

Авион „ербас А330-300“ кој летал на линијата Пекинг – Москва, непланирано се приземјил во Новосибирск поради смрт на една државјанка на Србија.

Капетанот на авионот одлучил да го прекине летот затоа што на жената ѝ се слошило.

По слетувањето на аеродромот „Толмачово“, докторите констатирале смрт на патничката, изјави портпаролката на аеродромот, Ирина Шавишина.

Починатата патничка била од Ниш, родена 1959 година. Во амбасадата на Србија во Москва наведуваат дека таа летала од Пекинг преку Москва за Белград.

Државната телевизија во Новосибирск наведува дека според прелиминарните податоци, причината за смртта била срцев удар./Meта

Слични содржини