Руски олигарх ја тужи ЕУ поради санкции против него

од Vladimir Zorba

Рускиот олигарх Алишер Усманов, шестиот најбогат човек во Руската Федерација, се жали на одлуката на ЕУ да воведе остри санкции како одговор на руската инвазија на Украина.

Усманов поднесе жалба до Судот на правдата на ЕУ на 29-ти април, барајќи од вториот трибунал на Унијата да ги суспендира санкциите.

Се очекува судскиот совет да донесе конечна одлука за случајот.

Неговиот случај е дел од се поголемиот број жалби до судот во Луксембург, откако првиот круг санкции беше објавен во јавноста на 28-ми февруари. Споровите околу санкциите на ЕУ може да траат со години и ретко да доведат до победа на жалбите.

На пример, бегалецот и поранешен украински претседател Виктор Јанукович, како и неговиот син останаа на списокот со санкции на ЕУ од 2014 година, дури и откако ги добија судските спорови против санкциите во 2020 година.

Алишер Усманов е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ. Сопственик е на Металоинвест и Мегафон. Неговото богатство падна од 21,6 милијарди долари на 18,9 милијарди долари по воведувањето на санкциите.

Слични содржини