Руските власти гонат полицаец поради протекување податоци во случајот Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Русија покрена кривично гонење против полицаец обвинет за протекување податоци што можеле да помогнат во идентификување на наводните трујачи на Алексеј Навални, жесток критичар на Кремљ, пренесува „Ројтерс“.

Доколку биде осуден за злоупотреба на моќ, на полицаецот му се заканува казна затвор од 10 години. Тој беше приведен минатиот месец и во моментов е во домашен притвор, потврди судот во градот Самара за рускиот телевизиски канал РБЦ.

Властите го обвинуваат полицаецот дека е одговорен за откривање на доверливи информации од базата на податоци за луѓе кои патуваат низ целата земја, објави РБЦ, повикувајќи се на извор близок на истрагата.

Информациите кои излегле во јавноста се однесува на летовите на кои биле агентите на службата за безбедност на ФСБ, специјализирани за хемиско оружје, за што во истрагата било наведено дека тие тајно го следеле Навални неколку години.

Слични содржини