САД извршија напад врз цели во Ирак откако беа ранети тројца американски војници

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди напад врз милициите во Ирак поддржани од Иран, откако тројца американски војници беа ранети во напад со дрон во северен Ирак, пренесува АП.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон изјави дека еден од војниците е тешко повреден во нападот кој се случил во понеделникот.

Американската новинска агенција вели дека проиранската група Катаиб Хезболах и нејзините подружници ја презеле одговорноста за нападот со дрон.

Бајден, кој ги поминува божиќните празници во претседателскиот камп во Кемп Дејвид во Мериленд, им нареди на лидерите на Пентагон да подготват опции како одговор на нападот врз базата што ја користат американските војници во Ербил.

За само неколку часа, Бајден собра тим за национална безбедност, кој го информираше за опциите, а американскиот претседател одлучи да нападне три локации кои ги користат Катаиб Хезболах и неговите придружници, рече Вотсон.

„Претседателот нема поголем приоритет од заштитата на американските војници кои се нападнати. САД ќе дејствуваат на време и на начин кога ќе биде одлучено дали нападите ќе продолжат“, додаде таа.

Слични содржини