САД не сакаат СЗО да ги ограничува во развојот на вакцините

од Vladimir Zorba

Белата куќа се спротивстави на загриженоста изразена од Светската здравствена организација, откако американски лекар рече дека вакцината против коронавирусот може да добие дозвола пред да помине низ целиот процес на клинички испитувања.

– Соединетите Американски држави ќе продолжат да ги ангажираат нашите меѓународни партнери за да обезбедат победа над овој вирус, но нема да бидеме ограничени од мултилатерални организации на кои влијаат корумпираните СЗО и Кина, рече портпаролот на Белата куќа Џад Дир.

Дир додаде дека претседателот нема да штеди на трошоците за да осигури дека секоја нова вакцина против коронавирус ги исполнува стандардите на Управата за храна и лекови на САД во однос на нејзината безбедност и ефикасност, објави Ројтерс.

Слични содржини