Сакаат внимание и ништо друго: За кои хороскопски знаци се работи?

од desk4

Вниманието ни годи на сите, но меѓу нас има и онакви за кои може да се каже дека се вистински зависници од него.

Нема ништо ненормално во тоа да сакаме да бидеме забележани, но не секогаш можеме да бидеме во центарот на сечие внимание.

За одредени хороскопски знаци, дури и кога имаат премногу внимание тоа не им е доволно, па постојано се жедни по повеќе.

Еве за кого се работи:

Овен

Овните не само што бараат внимание, туку и мислат дека го заслужуваат. Затоа и често ќе се доведуваат во ситуации во кои ќе се трудат да ги привлечат сите погледи кон нив. Ако пак, не го добијат саканото внимание, може навистина да збеснат.

Близнаци

Тие всушност сакаат публика бидејќи се уверени дека светот едвај чека да види колку се одлични во сè што прават. Најмногу ги боли игнорирање, особено од личности кои им значат.

Рак

Раковите имаат мал и ограничен круг на навистина блиски луѓе, па затоа и реално ги боли кога не го добиваат саканото внимание. Тоа уште повеќе ја поткопува нивната несигурност и потребата за валидација.

Лав

Лавот и светлото на рефлекторот – па има ли подобар астро-пар? Олеснителна околност е што Лавовите се доволно самоуверени и се сигурни дека добиваат внимание и повеќе отколку што им е потребно. Не заборавајте, ако сте во врска со Лав, треба и да гарантирате со својата посветеност.

Стрелец

Стрелците општо се многу самостојни и не им требаат аплаузи за она што го прават. Но, кога се во врска, не можат да поднесат ни минута без вниманието на својот сакан партнер. Сакаат да бидат популарни, но тоа е само поради желбата да бидат големи во нечии очи.

Слични содржини