Салах после првиот тренинг: Се надевам дека ќе играм од самиот почеток

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Египет, Мохамед Салах за првпат тренираше заедно со останатите соиграчи, откако се врати по повредата на рамото, добиена во финалето во Лигата на Шампионите, соопшти агенцијата Франс Прес.

За време на Светското првенство, кампот на Египет ќе биде во Грозни, каде што тимот пристигна во неделата. Вчера, Салах првпат излезе на терен и работеше на индивидуална програма, но денес тој целосно се вклучи во тренинг процесот.

Салах заработи повреда на рамото во судир со Серхио Рамос од Реал Мадрид во почетните минути на финалето во Шампионската лига, кое се одигра на 26-ти мај во Киев. Како што претходно соопшти египетската фудбалска асоцијација, рехабилитацијата на напаѓачот оди добро и рокот на неговото закрепнување нема да надмине три недели, па неговото учество на СП 2018 не е доведено во прашање.

Првично се сметаше дека Салах ќе се појави во второто полувреме на натпреварот со Уругвај и ќе запише полни 90 минути во натпреварот со Русија. На 15-ти јуни Египќаните излегуваат против „урусите“ во Екатеринбург, а на 19-ти јуни во Санкт Петербург тие ќе се соочат против домаќините од Русија. На 25 јуни во Волгоград е нивна трета средба во групата А против Саудиска Арабија.

„Сега се чувствувам многу подобро. И се надевам дека ќе играм од првиот натпревар. Но дали ќе се случи тоа, дали ќе започнам како стартер, зависи како ќе се чувствувам во деновите и часовите пред средбата“, рече со насмевка Салах пред огромен број новинари.

Минатата сезона Салах одигра 52 натпревари и постигна 44 гола, што му обезбеди две индивидуални награди во Англија, како и награда во Африка за фудбалер на годината. Тој постигна пет од осумте голови за репрезентацијата во последната рунда од квалификациите на континентот.

Чекајќи 28 години за место на Светското първенство – за првпат по Италија 1998-ма, кога играа имиња како Хосам Хасан, Ибрахим Хасан и Абдел Гани, сега фараоните се надеваат на квалитетите на Салах, како и на вештините на Есам Ел Хадари. Стартното место под рамката на 45-годишниот голман се чини повеќе од сигурно, а пред него ќе игра Ахмед Егази од Вест Бромвич.

Слични содржини