Сали на средба со УНИЦЕФ: Комуникација околу вакцините против Ковид-19

од Nikola Popovski

Министерот за Здравство, Беким Сали имаше средба со претставниците на УНИЦЕФ во Северна Македонија. На средбата се дискутираше за тековните активности на УНИЦЕФ, со посебен осврт кон активностите на Националниот стратешки план (NATIONAL SRATEGY PLAN – RCCE), но и за Ковид-19, како и околу темите кои се однесуваат на комуникацијата за вакцините против Ковид-19.

-Националниот стратешки план (RCCE) е составен од меѓународни и домашни експерти и тој покрива стратегии и активности кои имаат за цел поддршка на вакцинацијата, перцепцијата на опасноста, како и спречување на COVID-19. Исто така, според овој план, се настојува детектирање на секундарното влијание на услугите од здравственото секојдневие, во образованието, туку и грижата кон децата и други социјални услуги, не заобиколувајќи го ни менталното здравје, насилството и економското влијание на семејниот живот. УНИЦЕФ обезбедил финансиски средства за поддршка на активности кои се поврзани со подигнување на јавната свест и комуникацијата за вакцините. УНИЦЕФ, исто така, обезбедил, фондови за засилување на здравствениот систем, вклучувајќи ја телездравствената медицина и собирање на податоци за влијанието на COVID-19 кон менталното здравје, соопштија од Министерството за здравство.

Слични содржини