Сали: Со нов закон и повисоки плати ќе спречиме одлив на медицински сестри во странство

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Беким Сали денеска изјави дека имаат формирано работна група која подготвува нов Закон за сестринство.

-На предлог на здружение на сестри го земавме драфт-текстот и нашите вработени во МЗ со нив се координираат околу законот. Во континуитет инвестираме во подобрување на условите за работа, како за сестрите, така и за сите вработени за здравството. Во месец јули очекуваме покачување на платите и усогласување, кое е договорено со Синдикатот на здравство. Мерките се дел од нивните барања за унапредување на условите за работа и причините за останување во земјата. Систематски работиме да ги решиме нивните барања, информира Сали пред медиумите.

Слични содржини