Салма Хаек критикувана затоа што ги уредувала фотографиите, а го покажала лицето без шминка: „Ги бројам седите влакна“

од Vladimir Zorba

Обожавателите ја критикуваа дека е непрепознатлива на фотографиите на социјалните мрежи, а Салма Хаек (56) неодамна откри како изгледа без трошка шминка, а покажа и сиви прамени.

-Се будам и бројам колку побелени влакна и брчки пристигнаа на забавата утрово – напиша актерката на Инстаграм.

Обожавателите во коментарите и порачаа дека нема причина да се чувствува несигурно за нејзините години и ја опсипуваа со комплименти.

– Ме зафркаваш? Жено, ти си совршена; Никогаш не си била поубава; Салма, забавата само што почнува; Возраста дефинитивно не ви смета; Ти благодарам што покажа колку си природна – и напишаа, а неодамна доби критики за фотографијата што ја објави пред црвениот тепих во Кан.

– Не личиш на себе; Некој вид на лош фотошоп или премногу ботокс? – и пишаа тогаш.

Инаку, Салма каде и да се појави импресионира со својата фигура, а не и е непознато да открие длабоко деколте. За нејзините гради повеќето претпоставуваа дека актерката се оперирала, но таа тврди дека тоа не е вистина

– Кај некои жени тие се намалуваат. Но, има некои жени кои кога се здебелуваат им растат градите, а други жени кога имаат деца и дојат градите им растат и повеќе не се спуштаат, а потоа во некои случаи кога сте во менопауза, повторно растат. Имам толку среќа што тие растат сами – изјави таа еднаш за New York Post.

Слични содржини