Само половина од Турците сметаат дека луѓето треба да имаат право отворено да ги критикуваат политиката на властите.

турција Ова го покажуваат податоците од меѓународно анкета меѓу 37 земји, според кој граѓаните на Турција во најмала мера го поддржуваат тоа право. Според податоците собрани од американскиот аналитички центар “Пју”, поголем дел од граѓаните во земјите учеснички сметаат дека луѓето треба да имаат право да  ја критикуваат власта, без да им се меша на каков и да било начин.

Во САД процентот на луѓе кои веруваат во тоа, е 95%. За Германија и Израел се 93%,  во Русија – 72%. За разлика од овие држави Турција забележува само 52%.

Турците имаат различно мислење и во однос на она што имаат право да им соопштуваат медиумите како 40 отсто веруваат дека Владата треба да има право да го ограничува објавувањето на информации за политички протести, што е два пати помалку од просекот за останатиот свет

Слични содржини