Сапсовски за Апасиев: Нема поделба на повласетни и обични граѓани и премиерот беше казнет

од Берта Китинска

Пред законите мора да бидат еднакви сите, нема поделба на повласетни и обични граѓани , вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со полициската рутинска проверка на пратеникот од „Левица“ Димитар Апасиев.

-Кога имате ситуација во која постапува полицаец, а од друга страна имате пратеник кој се жали дека не требал да биде казнет ..Без разлика на тоа што тој доаѓа од опозцицијата, казни беа напишани и на челнови на владата, партеници, казнет беше и премиерот .Тој доби казана поради тоа што не носеше заштита при управување со мотор, пратеник беше казнет бидејќи разговараше на мобилен телефон додека управуваше со автомобил е сега каде е тука селективното постапување.Мора да се научиме дека не може граѓаните да одговараат и да бидат казнувани, а од друга страна да имаме посебна класа кои се функционери и нема да одговараат,нема имунитет за вакви работи, кажа министерот во своето гостување во Утрински Брифинг.

Слични содржини