Сарацин: Резолуцијата за Сребреница не е против Србија и Република Српска

од Nikola Popovski

Специјалниот претставник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин соопштил дека Резолуцијата за Сребреница не е против Србија, Република Српска или која било друга држава, ентитет или група, туку против сторените злосторства и извршениот геноцид, објави порталот „EWB“.

Сарацин за тој портал нагласил дека текстот на Резолуцијата е насочен против дејствија како негирање и глорификација на геноцидот.

-Во резолуцијата не се споменува ниту една земја или група посебно, додал тој.

-Германија ја ко-спонзорираше оваа резолуција заедно со Руанда и голем број други земји-членки на ОН. На глобално ниво и во секое време сме посветени на спречување на геноцидот, истакнал Сарацин.

-За нас е од големо значење да го зачуваме сеќавањето на ужасите на холокаустот. Затоа и ние сме посветени на заострување на сеќавањето на другите меѓународно признати геноциди во поновата историја, додал германскиот функционер, наведувајќи дека на 11 јули 2025 година се одбележуваат 30 години од геноцидот во Сребреница во 1995 година.

-Геноцидот е историски и правно докажан и класифициран како геноцид од независни меѓународни судови и поединечни сторители се осудени. Со оваа комеморација би му оддале почит и на гонењето на геноцидот, оценил Сарацин.

Покрај наведените земји, и Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Слични содржини