Саудискиот крал нареди истрага за исчезнатиот новинар Кашоги

од desk4

   Саудискиот крал Салман денеска нареди истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги откако турсkите власти најавија претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул, каде на 2 октомври влезе Кашоги и потоа му се губи трагата.

Според турската телевизија НТВ, која се повикува на дипломатски извори, турските власти денеска попладне ќе извршат претсрес во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во рамки на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар.

– Кралот му нареди на Јавниот обвинител да отвори внатрешна истрага за предметот Kашоги врз основа на информациите од заедничката работна група во Истанбул”, изјави официјално лице, кое побарало анонимност.

Делегацијата на Саудиска Арабија пристигна во петокот во Турција. Анкара се согласи  да се формира заедничка работна група со Саудиска Арабија, со цел да се утврдат околностите на исчезнувањето на новинарот.

Kашоги, новинар кој работеше за „Вашингтон пост“ и беше критичар на Ријад, се води за исчезнат откако на 2 октомври влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе некои документи. Турските власти стравуваат дека тој е убиен од рајната служба на Саудиска Арабија, додека Ријад негира. ссм/зш/13:33

###

 

Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни

Тирана, 15 октомври 2018 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама денеска упати апел до припадниците на Министерството за внатрешни работи да не се демотивираат од политичките обвинувања и да продолжат со нивната ангажираност во постигнувањето уште подобри резултати во борбата против криминалот.

Припадниците на полицијата редовно се изложени на критики од страна на опозициските партии дека се поврзани со криминалот и не се ангажираат за редот и мирот во земјата и за безбедноста на граѓаните, што, според Рама, е само „војна на клевети од страна на опозицијата, со цел да ја преземе власта насилно, а не со гласови“.

– Многу клевети, многу измислици, многу видео и аудиоавтори, криминал во дебати, во говори, во коментари, криминал наутро, на ручек, навечер. Зошто? Тоа е едноставно, тоа се нарекува очајна борба за власт на давеник кој сака да дави под секој услов и со секое средство за насила да ја преземе власта кога тоа не може со гласови. Затоа тоа е моја работа, на Владата, а не на државната полиција. Вашата работа е да одговорите на ова политичко и медиумско варварство, со многу повеќе резултати од досега, во секој правец и многу побрзо од кога било, порача Рама.

Рама пред сините униформи посочи и статистички податоци како „единствено мерило за криминалот во земјата“. Повикувајќи се на официјални податоци, тој рече дека криминалот бележи опаѓање, вклучувајќи го тука и бројот на убиства во последните години, кој, според Рама, е преполовен.

– Статистиката е мерило за криминалот. Лани имало повеќе убиства, но сега повеќе се зборува за тоа. Во периодот јануари-септември годинава има 40 убиства, три повеќе од истиот период лани, пред две години имало 54, во 2013 година 84, додека една година претходно 92 убиства. Почната е црна пропаганда на портали и партии со идејата дека криминалот ја запоседнал државата, зашто полицијата не се борела против него ,туку била негов сојузник, изјави Рама.

Правејќи споредба со статистиката во европските земји Рама нагласи дека во Албанија има поголема безбедност од онаа во Италија или Грција.

– Земјите во Европа имаат многу поголем број убиства, констатираше Рама. вт/сп/14:49

###

 

Повеќе од 170 бегалци од Грција ќе се спојат со семејствата во Германија

Атина, 15 октомври 2018 (МИА) – Со специјален чартер лет од Атина, 177 бегалци, рано утрово заминаа за Минхен, за спојување со нивните семејства кои што се наоѓаат во Германија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Министерството за миграциска политика на Грција, соопштуваат дека лицата во најголем дел се од Сирија, Авганистан и Ирак и се првите кои се обединуваат со нивните семејства, а во следниот период ќе следат и други вакви специјални летови.

Целиот процес е во рамките на административната спогодба меѓу Грција и Германија за поврзување со семејствата за бегалците што се наоѓаат во Грција, а обединувањето е веќе одобрено од Германија.

Слични содржини