СДСМ го осудува нападот врз новинари на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

СДСМ го осудува нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазеира“ на вчерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Слободата на изразување и непреченото работење на новинарите и медиумските работници во секое демократско општество, какво што е и во Северна Македонија се загарантирани и неповредливи. За поздравување е тоа што институциите брзо реагирале, очекуваме и соодветна казна за извршителите на нападот. Нападот врз новинарски екипи уште еднаш го потврди насилничкиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и новинарите. Заробена во сопствената деструкција, и во опозиција, исто како и на власт, ВМРО-ДПМНЕ во медиумите гледа единствено непријатели. Нереформираната, назадна партија, ВМРО-ДПМНЕ, не смогна сили ниту да го осуди нападот, ниту да се извини на нападнатата новинарка“, стои во партиското соопштение.

Новинарката на Ал Џазира, Милка Смилевска, на Фејсбук напиша дека лицето кое ги нападнало прво прашал од која телевизија се, по што го турнал микрофонот додека тие снимале изјава од учесник на протестот.

Таа објави и две видеа на кои се гледа лицето кое ги нападнало, како и моментот кога од рака и е турнат микрофонот додека е на работна задача.

Смилевска додава и дека лицето го пријавила до полицијата, по што било приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини