СДСМ: Мицкоски е на потег – гласот за уставните измени е глас за полноправно членство во ЕУ

од Nikola Popovski

После вчерашните најавени оставки од ДУИ, СДСМ денеска порача дека на потег е ВМРО-ДПМНЕ да соопшти дали ќе ги гласа уставните измени, откако еден од условите на лидерот на најголемата опозициска партија беше владеачката партија на Ахмети да ја напушти власта.

Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со последната одлука на ДУИ, исполтени се сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени, вклучително и Влада без ДУИ. Сега, на потег е Мицкоски да покаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или се грижи само за својата фотелја во Белиот дворец, порачуваат од „Бихаќка“.

Според партијата, гласот за уставните измени е глас за Европа и за полноправно членство во ЕУ.

Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, да ја поддржат македонската иднина во Европа, истакнуваат од СДСМ.

Слични содржини