СДСМ најавува до 15.000 денари поддршка за пензионерите во наредните 5 месеци

од Nikola Popovski

Новиот, 9-ти пакет антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии. Го штитиме животниот стандард на пензионерите и се грижиме за сите. Ветивме пораст па пензиите и континуирана финансиска поддршка и тоа ветување го исполнуваме, порачаа денеска од СДСМ.

Според партијата, исплатите на оваа финансиска поддршка пензионерите може да ја очекуваат веќе од втората половина на овој месец.

-Кога велиме повеќе за сите, ќе напоменеме дека СДСМ веќе ги покачи пензиите пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од врмето на ДПМНЕ. Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ, додаваат од партијата на власт.

Согласно пакетот антикризни мерки, во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, со пензија од 14 до 16 илјади денари по 2.000 денари месечно и оние со пензија од 16 до 19 илјади денари ќе добиваат по 1.500 денари месечно. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.

Слични содржини