СДСМ: Наместо афера ВМРО-ДПМНЕ денеска пласираше издишан балон

од Nikola Popovski

Докажаниот криминалец Христијан Мицкоски е фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, додека Димитар Ковачевски чесно работи за граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владеачката партија истакнуваат дека затоа „ВМРО-ДПМНЕ очајно фабрикува лаги за премиерот Димитар Ковачевски“.

-Сите податоци за повлекувањето на Ковачевски уште на 28.09.2020 година се јавно објавени и достапни. Наместо афера ДПМНЕ денеска пласираше издишан балон. На многу наивен и лош начин Мицкоски покажува колку се плаши од чесниот Ковачевски кој вредно работи за граѓаните. Особено откако Ковачевски го порази Мицкоски на првото изборно соочување, на предвремените локални избори, порачаа од СДСМ.

Слични содржини