СДСМ: Не е точно дека е договорен премиер по принцип 3+1

од Vladimir Zorba

СДСМ ја демантираше објавената вест од страна на Канал 5 телевизија, во која се тврди дека е договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери, а дека ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.

СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда. СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти“, се вели во демантот на партијата на Заев.

Слични содржини